Свет САД

Трамп најави дополнителни 10 отсто царини за кинеските производи

Кинеските производи од почетокот на месецот се царинат со 10 проценти, а Трамп најави и дополнителни 10 проценти.

Трамп најави дополнителни 10 отсто царини за кинеските производи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 10 отсто на кинеските производи од 4 март, кога ќе стапат во сила и царините за Канада и за Мексико.

Кинеските производи од почетокот на месецот се царинат со 10 проценти, а Трамп најави и дополнителни 10 проценти.

Трамп ги обвинува Канада и Мексико дека го олеснуваат влезот на дрогата фенталин во САД. Тој на мрежата „Трут сошл“ (Truth Social) објави: Се додека ова зло е присутно или не е сериозно контролирано, најавените царини (против Канада и Мексико) ќе стапат во сила на 4 март, како што е планирано“.

На почетокот на февруари Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 проценти за Канада и Мексико поради илегалната имиграција и шверцот на фенталин, смртоносна синтетичка дрога. Неколку часа пред стапување во сила на царините, тој ја пролонгира одлуката за 30 дена.

Трамп истакна дека на 4 март истекува рокот за царините на Канада и Мексико.  (МИА)

To top