На Инстаграм страницата „192_rs“ на која се објавуваат вести, информации и фотографии од улиците во Србија се појави фотографија од белиот Мерцедес кој го вози познатата пејачка Дара Бубамара.
Сепак, фотографијата немаше да биде објавена и немаше да има значење доколку зад Мерцедесот немаше паркирано „пајак“ кој се подготвувал да и ја отстрани колата која била непрописно паркирана.
По, ова негативните коментари само се нижеа упатени кон пејачката на која не и е првпат вака да се паркира или да се спротиставува на законите.
View this post on Instagram
„Додека не биде како во Америка јавните личности да плаќаат казни во склад со нивните примања, вака и да ја плати казната за неа е ситница“, „Ситница, но конечно се случи“, „Се однесува како само таа да е важна и за неа не важат правила“, „Немаат поим луѓето како вози таа и како се паркира во Нови Сад“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
Инаку за потсетување Рада е редовен лик кој ги крши сообраќајните правила меѓу познатите личности во соседна Србија.