Украинските пратеници му го оспорија претседателскиот легитимитет на Володимир Зеленски.
На гласање во Врховната Рада на Украина, само 218 пратеници, 8 помалку од потребното мнозинство, гласаа за резолуцијата со која се потврдува легитимитетот на претседателот. Гласањето го бојкотираа 54 пратеници присутни во салата, вклучувајќи и 38 од партијата Слуга на народот на Зеленски.
„Врховната Рада уште еднаш потврдува дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше избран на слободни, транспарентни и демократски избори. Неговиот мандат не е оспорен ниту од Украинците ниту од Врховната Рада“, пишувало во отфрлената резолуција.
Путин одбива да преговара со претседател кому мандатот му завршил лани, а Трамп дури го нарече Зеленски „диктатор“ и побара Украина да одржи нови избори.