Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во населбата Ченто во општина Гази Баба.

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

-Ве известуваме дека утре 23.02.2025 година (недела) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто, Општина Гази Баба, информираат од службата на владата.

Ова е еден од четирите проекти на Општина Гази Баба кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top