Фудбал

Нова лоша вест за Јувентус

Нова лоша вест за Јувентус

Нова лоша вест за  Јувентус по елиминацијата од ЛШ.

Стандардниот централен дефанзивец Ренато Веига беше принудно заменет во 12. минута од натпреварот против ПСВ Ајндховен, кој Јувентус го загуби со 1-3 по продолженија.

Според официјалното соопштение на клубот, Веига поминал медицински прегледи во клупската клиника, кои покажале повреда на тетивата на десната нога. Времетраењето на опоравувањето ќе зависи од симптомите.

Се очекува португалскиот дефанзивец да биде надвор од терените околу 2-3 недели.21-годишниот Веига пристигна во Јувентус на позајмица од Челси во зимскиот трансфер период и брзо се наметна во тимот, одигрувајќи пет натпревари како стартер.

To top