Македонија нова опрема

Ковачевски: Со новата опрема во МАНУ, овозможуваме забрзан развој на нашите научни потенцијали, создаваме услови за просперитет на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири присуствуваше на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ и на промоција на резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

Ковачевски: Со новата опрема во МАНУ, овозможуваме забрзан развој на нашите научни потенцијали, создаваме услови за просперитет на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири присуствуваше на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ и на промоција на резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

-Сакам да упатам честитки на новоизбраниот претседател на МАНУ, Академик Живко Попов, кој се надевам дека со своето богато искуство и знаење, ќе даде огромен придонес во развојот на нашата врвна самостојна научна и уметничка институција во нашата држава. Ние претходно имавме состанок со новиот претседател на МАНУ, со поранешниот претседател на МАНУ, Академик Коцарев и со другите академици со кои што разговаравме за соработката меѓу Владата и МАНУ. МАНУ наскоро ќе одбележи 57 години од своето постоење, преку комплексните мултидисциплинарни научни истражувања, собири и афирмација на уметничките дострели, при што дава огромен придонес во стимулирање на развојот на македонската научна мисла и уметничките остварувања. Денеска, сме тука да ги одбележиме резултатите од нашата взаемна соработка, бидејќи, како што кажувам во повеќе наврати, успешна, прогресивна држава се потпира на успесите во науката. Зошто државата која инвестира во науката, инвестира во својата иднина и развој. Со буџетска поддршка е помогната набавка на новата опрема за потребите на Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов”, вредна над 580 илјади евра. Вложуваме во развојот на генетското инженерство, молекуларната биологија, но и ги следиме светските трендови и во однос на пандемијата со Ковид- 19. Опремата е во функција и на едукативната дејност во рамките на постдипломски студии, специјализации и докторски студии од областа на молекуларната биологија и генетското инженерство. Дополнително, со употреба на опремата и со поддршка на Фондот за здравствено осигурување, излегуваме во пресрет на барањата на клиниките и на Академијата, со што од буџетот ќе се покриваат и две нови анализи за пациенти со ретки болести и за молекуларната дијагностика, истакна Ковачевски.

Она што сакам да го истакнам овде, е дека ги препознаваме вредностите на оваа наша врвна научна установа и сите наши научни институции и затоа преземаме конкретни чекори за финансиска поддршка за нивен развој, рече тој.

-Јас, заедно со министрите и со почитуваниот академик имавме можност да се запознаеме и со научните соработници кои работат со оваа нова опрема и кои што анализите кои ги прават се на истоветно ниво, врвно светско ниво како кога бис е правеле во Германија, Франција, Италија или било која друга развиена држава. Затоа, тие заслужуваат едно највисоко ниво на почит од државата, а особено од оние на кои им имаат помогнато во текот на здравствени предизвици кои ги имале во своите животи. Ова го кажувам бидејќи за прв пат оваа Влада презеде пионерски чекори за забрзан развој на нашите научни потенцијали во повеќе области. Јас знам дека тоа не е премногу, но сепак се работи за опрема која е од врвно светско производство, над половина милион евра и која придонесува за правење на сеопфатни и исклучително софистицирани генетски и молекуларни анализи кои ќе се прават тука во Скопје. За прв пат, по 10 години, во 2021 година е спроведен Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти за јавните научни установи, а спроведен е и Конкурс за набавка на опрема за лаборатории, акредитација на лаборатории и за сите субјекти кои вршат научно-истражувачка работа, во рамките на кој конкурс е одобрена и опремата на чија презентација сме присутни денеска. Се работи за тригодишни проекти, чија вкупна вредност е речиси 318 милиони денари или над 5 милиони евра, во кои над 70% е учеството на државата во реализацијата на истите. Во услови на светска економска и енергетска криза, вложуваме во капитални проекти и го овозможуваме непречено развојот на институциите кои се под државна капа. За прв пат во повеќе децении, помогнавме со обновување и модернизацијата на опремата со која располага Академијата со цел да ги следи светските трендови, а во изминатиов период ги посетивме и другите научни лаборатории низ државата каде исто така, за прв пат по подолг период се вложени сериозни инвестиции. Вие бевте присутни на факултетот за фармација, претходно и на универзитетот Гоце Делчев во Штип каде исто така се воведени нови софистицирани и современи лаборатории. Сите наши напори се насочени кон побрз напредок на образованието и науката, и што повеќе мерки за да им помогнеме на нашите млади луѓе да ги остварат своите животни соништа, овде во нивната родна земја. Тука, каде заедно со нас, создаваме услови за европски квалитет на живот, потенцираше Ковачевски.

Тоа е наша цел и наш приоритет од кој нема да отстапиме. Тоа е наша обврска и одговорност, како носители на одлуки со кои влијаеме за подобрување на животот на граѓаните, порача Ковачевски.

-Затоа и презедовме низа мерки за подобрување на состојбите во високото образование, меѓу кои носењето на Законот за високо образование од 2018 година со што ја вративме автономијата на универзитетите. За прв пат во 2021 година се потпиша Колективен договор со кој се обезбедува континуиран раст на платите. За првпат, оваа Влада воведе и субвенциониран оброк за студентите и воведовме и нови категории на студентски стипендии, кои ги зголемивме и изедначивме на ниво од 6.050 денари на месечно ниво што е зголемување за 80% во споредба со претходно. Студентите ги вклучивме и во новиот пакет антикризни мерки, каде предвидовме во наредните 7 месеци, 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, месечно да добијат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра. Да сублимирам, науката и образованието се еден од главните столбови на државата. Без нив нема напредок, нема раст и нема развој. Затоа мора да се потпреме на науката, на образованието за да одиме напред, да одиме во чекор со светските достигнувања. Само така ќе имаме просперитет и ќе имаме светла иднина, рече Ковачевски

Благодарам и сакам уште еднаш да се заблагодарам на честа што ми ја направија Академиците од МАНУ денес да бидам тука присутен и заедно со нив да ја видиме како во употреба функционира новата опрема која е обезбедена со помош на државата, додава Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top