Регион

Обновен железничкиот сообраќај меѓу Атина и Солун

Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 декември ќе почнат да сообраќаат и патничките возови за целосно да се обнови железничкиот сообраќај.

Обновен железничкиот сообраќај меѓу Атина и Солун

По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 декември ќе почнат да сообраќаат и патничките возови за целосно да се обнови железничкиот сообраќај.

Во првите месеци од 2024 година ќе започне и работата за целосно санирање на штетите на уште двете железнички делници во централна Грција, односно Лариса – Волос и Палеофарсалос – Каламбака, како и на туристичката линија во Пилио.

На почетокот на септември Грција ја зафати невремето „Даниел“ кое донесе поплави во централниот дел на земјата, како и материјална штета на патната и железничката инфраструктура, а кусо подоцна следеше и второ невреме во истата област, со што целосно беше прекинато железничкото поврзување меѓу Атина и Солун.

To top