Навивачите во Саудиска Арабија имаа можност да видат неверојатен гаф во еден натпревар, а истиот со голема брзина се прошири низ светот.
На натпреварот помеѓу Ал Хазем и Ал Фатех, дефанзивецот на гостите, Фахад Ал Харби направи неверојатна глупост.
Во 13. минута од натпреварот фудбалерот се обиде да му честита на голманот за одличната интервенција, му подаде рака, во стилот на „да пукне“, а сето тоа додека голманот ја држеше топката во раце.
Ал Харби во таа прилика ја допре топката, а судијата не се двоумеше да покаже на белата точка.
This is the weirdest penalty ever awarded in the Saudi Pro League 🤯 pic.twitter.com/OtKrrg1XAi
— GOAL (@goal) December 8, 2023