Златните копачки што ги носеше Дејвид Бекам во неговата 100-та репрезентација на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти.
Копачките беа едни од вкупно 1.000 продадени предмети во аукциската куќа на Греам Бад во Велингтонбороу.
Бекам овие копачки ги носеше на Европското првенство против француската репрезентација во 2008 година во Париз. На нив се извезени имињата на неговите три деца Бруклин, Ромео и Круз.
Аукционерот Адам Гаскојн рече дека копачките претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.
– Кога академијата беше затворена, на некои од вработените им беше дозволено да ги преземат работите, па од таму доаѓаат – додаде Гаскојн.