Останати спортови

Познато името на болидот на Ферари кој ќе го вози Луис Хамилтон

Познато името на болидот на Ферари кој ќе го вози Луис Хамилтон

Новиот болид на Луис Хамилтон во Ферари носи и визуелни промени кои сигурно ќе привлечат внимание од навивачите на Формула 1.

Претставувањето на болидот е закажано за 19 февруари, а тогаш ќе започнат и тестирањата во Фиорано.

Ферари конечно го откри името на нивниот нов болид за 2025 година, а моделот со ознаката „SF-25“ означува почеток на нова ера за тимот од Маранело.

Подготовките за претставувањето на новиот болид на Ферари продолжуваат, а целиот свет на Формула 1 со нетрпеливост го очекува и официјалното претставување.

Датумот кој го очекуваат фановите е 19 февруари, кога ќе биде откриен SF-25, новиот болид што ќе го возат Шарл Леклер и Луис Хамилтон во сезоната 2025 година.

To top