На 06.12.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(33) од Скопје, поради сомнение дека непосредно пред тоа на подрачјето на Бит Пазар од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
При преглед во возилото „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми и уште една рамка со 17 куршуми.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и дoкументирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.