Хроника МВР

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

На 26.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје.

Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.

При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.

Најнови вести од Хроника

To top