Возачот на Љупчо Палевски, кој го превезуваше првоосомничениот за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче, ќе добие кривична пријава.
Ова го откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Возачот го однел Љупчо Палевски во Турција , па беше приведен на влез во Македонија, на граничен премин кај Дојран.
„Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски.