Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?

Пратеникот порача дека Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа.

Лефков: До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?

До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби? – прашува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДС, во влада каде МВР го водеше СДС и влада во чие време судството и обвинителството испорачуваа под партиски притисок. Во такво време нема никаква можност СДС да не знаеле за криминалот на Груби. Повеќе од јасно е дека го одмолчеле, а сега исто како тогаш го одмолчуваат и мислат дека народот ќе им заборави. СДС треба да знаат дека најмалку што му должат на народот е извинување за криминалите кои дозволија да ги направи Артан Груби, посочи Лефков.

Пратеникот порача дека Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа.

-Одговорноста дојде и одговорност за секој има. Само СДС како политичка партија не сфати дека мора да излезе и не само јавно да се огради од Груби, туку и да се извини за него, посочи Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top