Во Општина Штип пријавени се 22 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип, се вели во денешната писмена информација од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во информацијата се наведува дека во однос на возраста, 17 лица се на возраст од 15-64 години, четири заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и едно лице кај деца на возраст од 5-14 години, додека не се регистирани заболени лица во возрасната група од 0-4 години.
– Заклучно со втората недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 40 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје-Штип.
Посочуваат и дека се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност.
-Согласно овие податоци, во Општина Штип има низок интензитет на вирусот на грип со регистрирана спорадична активност, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип.