Македонија

Снегот го зголеми нивото на реките

Снегот го зголеми нивото на реките

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека реката Вардар има повисоко ниво во однос на просекот за јануари кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија.

Покачени се водостоите и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црни Дрим кај Ложани.

Намалени се водостоите на Крива Река кај Крива Паланка, на Пчиња кај Пелинце и на Црна Река кај Новаци.

Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на јануарскиот просек.

Најнови вести од Македонија

To top