Свет турција

Турското МНР го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Меѓународната заедница треба да гарантира дека Израел ќе ги исполни своите одговорности за овие прашања, се вели во соопштението објавено доцна синоќа на веб-страницата на турското Министерство за надворешни работи.

Турското МНР го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поздравува договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Хамас и Израел.

Благодариме на вложените напори на земјите посредници, особено на Катар и Египет“. Во процесот што следи мора да се спроведат сите фази од договорот, прекинот на огнот треба да стане постојан и во Газа треба итно да биде доставена хуманитарна помош.

Меѓународната заедница треба да гарантира дека Израел ќе ги исполни своите одговорности за овие прашања, се вели во соопштението објавено доцна синоќа на веб-страницата на турското Министерство за надворешни работи.

Траен мир и стабилност на Блискиот Исток може да се постигнат само со воспоставување мир во Палестина и ставање крај на неправдите што ги трпат Палестинците. Во овие рамки, мировните преговори за формирање на независна и суверена палестинска држава со главен град источен Ерусалим и географски интегритет врз основа на границите од 1967 година, треба да започнат што е можно поскоро. Турција и во иднина ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

To top