Американската вселенска компанија Blue Origin во четвртокот за првпат успешно ја лансираше својата најголема ракета,Њу Глен, во орбитата на Земјата, што е пресвртница за основачот на Амазон, Џеф Безос.
Со ова тој создаде вистинска конкуренција на компанија SpaceX.
Стоејќи висока 98 метри, приближно со големина на зграда од 30 ката, ракетата Њу Глен успешно се симна околу 02:03 часот по локално време (07:03 GMT) од вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида и покрај помалку од идеалните временски услови.
Честитки, Blue Origin, стигнавме до орбитата, изјави Аријана Корнел, претседателка на вселенскиот состав од компанијата Blue Origin.
Првиот лет на моќната ракета се очекуваше со години и неколку пати беше одложуван, а во понеделникот лансирање беше откажано во последен момент поради технички проблем. Но, ако мисијата оди според планот, се очекува Њу Глен да стигне до орбитата, што е првпат за приватната вселенска компанија основана во 2000 година.
Иако компанијата веќе неколку години носи туристи во вселената со својата ракета Њу Шепард, таа сè уште нема изведено ниту еден орбитален лет.
Сега, со многу помоќниот Њу Глен, има намера да се пробие на нов пазар, пазарот за лансирање комерцијални и воени сателити во орбитата, како и вселенски летала и астронаути, и на тој начин да се натпреварува со SpaceX, во сопственост на друг американски милијардер, Илон Маск.
Неговата компанија моментално доминира на пазарот со ракетите Falcon 9 и Falcon Heavy и работи на развој на нова, најголема ракета некогаш создадена. И таа мега-ракета, наречена Starship во четврток, треба да го изврши својот седми пробен лет по доцнењето во среда, доколку временските услови дозволуваат.