Повторно се појавија шпекулации за можен развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.
Шпекулациите повторно ги подгреа фактот што Мишел не присуствуваше на погребот на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, како и најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.
Нејзиното отсуство предизвика многу шпекулации за можни брачни проблеми. Иако беше потврдено дека Барак Обама ќе присуствува на инаугурацијата, јавноста и медиумите немаа официјални информации за причините за отсуството на Мишел.
Оваа ситуација предизвика дебата на социјалните мрежи и во медиумите. Иако низ годините во медиумите повремено се појавуваа гласини за брачни несогласувања на парот, тие се уште се заедно, и јавно истакнаа дека поминале низ тешки времиња со меѓусебно разбирање и поддршка.
Мишел Обама неколку пати отворено зборуваше за предизвиците во нејзиниот брак, спомнувајќи ги притисоците од кариерата и родителството, но и потенцирајќи како тие двајца успешно ги надминале овие пречки.
Сепак, ниту Барак ниту Мишел се уште не ги коментирале овие најнови гласини кои покренаа прашања за нивниот брак и однос.
Двојката се запознала во 1989 година додека Мишел работела како ментор во адвокатската фирма Сидли Остин, каде Барак бил практикант. Тие се венчаа во 1992 година и имаат две ќерки, Малија и Саша.