Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити го договори трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, пренесува „Скај Спорт“.
Мармуш може да игра на сите три напаѓачки позиции, што многу му се допаѓа на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Оваа сезона тој има постигнато 18 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања.
Сити за неговиот потпис ќе плати 70 милиони евра со вклучени бонуси, а трансферот треба да биде комплетиран во следните 48 часа.