Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ е во втора бременост, а како што истакна, во својот сопруг Филип Живојиновиќ пронашла се што отсекогаш барала.
Александра Пријовиќ истакна дека многу и значи поддршката на Филип.
По пишувањата во медиумите за нејзината втора бременост, пејачката се огласи за „Блиц.рс“ и ја потврди веста.
-Точно е. Ви благодарам на честитката, кусо изјавила Пријовиќ.
Александра и Филип го имаат синот Александар, а пејачката неодамна во емисијата „Цеца шоу“ откри дека сака девојче.
– Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и се да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче, искрено изјави тогаш Александра.