Скопје расфрлени повеќе од 30 тони сол и ризла

Стефковски на терен целата ноќ: Се чисти снегот во Гази Баба (ФОТО)

Активирани се четири специјализирани возила за снег, два багери и 50 вработени во ЈКП Гази Баба кои активно работат на расчистување на снегот.

Стефковски на терен целата ноќ: Се чисти снегот во Гази Баба (ФОТО)

Во 02:30 часот по полноќ започна акццијата за расчистување на снегот од улиците на општина Гази Баба.

Активирани се четири специјализирани возила за снег, два багери и 50 вработени во ЈКП Гази Баба кои активно работат на расчистување на снегот.

Граѓаните да бидат спокојни, лично сум на терен со колегите од кризниот штаб и сите оние кои активно работат на расчистување на снегот. Со цел брзо и ефикасно делување, отворивме мобилен пункт во Црешево каде што се доставени колични на сол и ризла и во пунктот е присутна механизација подготвена за делување на терен. Безбедноста во сообраќајот е најважна во вакви временски услови. Како општина правиме се што е потребно да овозможиме непречено одвивање на сообраќајот низ целата општина – истакна градоначалникот Бобан Стефковски кој во текот на целата ноќ беше на терен низ општината.

Акцијата за расчистување на снегот во Гази Баба трае повеќе од седум часа и досега по улиците на општината се расфрлени повеќе од 30 тони сол и ризла.

Кризниот штаб на општина Гази Баба останува на терен се додека тоа е потребно.

To top