Германскиот тенисер, Александар Зверев не ги криеше амбициите за титулата на Австралија опен, кој започнува в недела.
Светскиот рекет број два, Зверев има за цел да го освои својот прв Гренд слем трофеј откако ги загуби финалињата на УС Опен во 2020 година и Ролан Гарос лани.
Тој ќе се обиде да стане првиот Германец кој триумфирал на Мелбурн Парк по Борис Бекер во 1996 година.
-Мислам дека сите се свесни за тоа кон што се стремам. Сите знаат која е мојата цел и сон. Тоа е да ја освојам титулата. Почнувајќи го моето учество на Слем турнир како втор на светската ранг-листа, нормално е мојот став да биде дека сакам да го освојам трофејот. Тоа е мојот став. Сакам да го покажам мојот најдобар тенис, да стигнам што подалеку на турнирот со надеж за конечна победа, изјави Зверев.
Германецот (27) ја коментираше и новововедената можност оваа сезона од страна на Меѓународната тениска федерација за тренерска помош за време на натпреварите.
-Отсекогаш мислев дека тенисот е индивидуален спорт и дека треба сам да најдеш решение на теренот. Сега ситуацијата се менува. Тренерите седат на страна, имаат можност да следат секакви статистики и податоци во живо и да даваат различни насоки. Ова секако менува многу работи. Но, очигледно тенисот оди во оваа насока, рече Зверев.