Регион Даночна управа

Затворени уште две институции на Србија на Косово

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека за случајот бил информиран надлежниот обвинител, а на вработените во Даночната управа им е дозволено да ги изнесат само своите лични работи, јави Бета.

Затворени уште две институции на Србија на Косово

Косовската полиција денеска ја затвори Даночната управа во Северна Митровица, која функционираше во српскиот систем, поради наводни „незаконски активности“, и компанијата за осигурување и реосигурување „Дунав“ поради, како што е соопштено, немала лиценца за работа издадена од институциите на Косово.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека за случајот бил информиран надлежниот обвинител, а на вработените во Даночната управа им е дозволено да ги изнесат само своите лични работи, јави Бета.

Во меѓувреме, во Северна Митровица е затворена и филијалата на Дунав осигурување поради сомневање дека наводно работи без лиценца.

Како што рече Елшани, полицијата во таа акција им помогнала на службениците на Централната банка на Косово, а информиран е и обвинителот кој случајот го окарактеризира како „злоупотреба на стопанска дејност“. (МИА)

To top