Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло… Да видиш, и да не веруваш, пишува Вечер.мк. Не е познато дали Обвинителството и Судството читаат портали или работат само “по допрен глас“ на “невладините организации“ кога некој противник на СДСМ и ДУИ ќе биде маркиран, посочува порталот.
Лицето Сашо Мијалков, поранашен директор на УБК, обвинет за низа кривични дела во моментов е на издржување затворска казна за случајот “Империја“, или перење пари и слично, осуден на три години затвор по признание на вина и со спогодба со Обвинителството.
Казната затвор почна со издржување во затворот во Струга, а според информации од Струга казната, во суштина, божем во затвор е поминувана надвор од затворот. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да има 4 месеци условен отпуст активен од 25 декември 2024 година, по жалба, Апелационит суд на 23. Мај 2024 го зголемува условниот отпуст на 11 месеци и можност да излезе од затвор и остатаокот од казната да ја издржува на слобода.
“Осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА