Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка.
Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудил како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот народ, за зајакнување и раст на средната класа.
Тој посочува дека гледал како земјата се обединувала за да се поддржи една со друга за време на пандемијата и како работел за да ја заштити слободната трговија на континентот.
Трудо вели дека одлуката да поднесе оставка ја донел по долги разговори со семејството – истакнува дека неговиот успех бил резултат на нивната поддршка. Синоќа на вечерата на своите деца им ја кажал одлуката да поднесе оставка.