Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека спорната програма за збогатување ураниум на Иран се приближува до „точката од која нема враќање“ и дека европските партнери кои учествуваат во веќе „мртов“ нуклеарен договор со Техеран од 2015 година треба да размислат за повторно воведување санкции ако нема напредок со Техеран.
На годишната конференција со француските амбасадори, Макрон го опиша Иран како главен „стратешки и безбедносен предизвик“ за Франција и Европа.
„Забрзувањето на нуклеарната програма не носи речиси до точка од која нема враќање“, рече Макрон.
Иран тврди дека збогатува ураниум за мирни цели и ја засили програмата откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2015 година за време на неговиот прв мандат и повторно воведе строги американски санкции кон Техеран. (МИА)