Скопје Гази Баба

Стефковски: По 61 година училиштето во Црешево добива спортска сала

Изминатиот период преку нашата посветена работа и бројните реализирани проекти во оваа област покажавме дека може да се создаваат дела кои години наназад ги очекувале граѓаните, наведе градоначалникот Стефковски.

Стефковски: По 61 година училиштето во Црешево добива спортска сала

Во населеното место Црешево денес се постави камен темелник за изградба на нова училишна сала на подрачното општинско основно училиште „Наум Охридски“.

Училишната сала која започнува да се гради ќе може да се користи за различни категории на спорт и тоа кошарка, одбојка, ракомет и други активности од физичкото и здравственото образование.

Дополнително ќе се изградат и помошни простории како соблекувални со тоалети опремени со тушеви, канцеларија за наставниот кадар и простор за складирање и чување на спортските реквизити. Вкупната вредност на проектот изнесува 34.099.421 денари.

На настанот пред присутните се обрати градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Денес започнува со реализација уште еден капитален проект во општина Гази Баба. По 61 година учениците од Црешево, Виниче и Смилковци кои своето основно образование го поминуваат во ова училиште добиваат училишна сала која ќе се гради согласно сите европски стандарди. Почетокот на реализацијата на овој проект е благодарение на претседателот на Владата на Република, Македонија Христијан Мицкоски кој по само неколку денови од својот мандат го реализираше ветувањето за доделување на финансиска поддршка за реализација на капитални проекти во општините. Образованието останува високо на нашите приоритети. Изминатиот период преку нашата посветена работа и бројните реализирани проекти во оваа област покажавме дека може да се создаваат дела кои години наназад ги очекувале граѓаните, наведе градоначалникот Стефковски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, пратениците во Собранието Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска, министерката за образование и наука Весна Јаневска и голем број граѓани.

To top