Утврдени се битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката.
JО во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека 6 години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен политички прогон врз овие лица.
Адвокатот Еленко Миланов во изјава за КУРИР ја коментира ваквата одлука.
-Денеска Обвинителството потврди дека овој обвинителен акт не требал да биде воопшто поднесен затоа што постоеле правни пречки за негово поднесување уште во времето кога е започната таа постапка и кога е поднесено ова обвинение. Останува јавноста да одлучи дали станува збор за политички прогон или желби на некои институции кои тоа сакале да го тераат на тој начин, истакна тој.
Го прашавме Миланов дали очекувал ваква разврска.
-Ние очекувавме судот и обвинителството да ги прифатат фактите иако долго време го чекавме тој момент, истакна тој за КУРИР.
Со години се води постапка за терористичко загрозување на уставниот поредок против двајца поранешни министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски. Овој процес заврши со осудителна одлука во судот во прв степен. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Обвинетите не добија можност да се произнесат ниту да се повикаат на амнестијата која уследи за овој случај.