Познати на икс

БЕЗОС СЕ ОГЛАСИ: Еве што објави по натписите дека прави свадба од 600 милиони долари

Вчера странските медиуми ја објавија веста дека Џеф Безос се жени, а венчавката ќе чини вртоглави 600 милиони долари.

БЕЗОС СЕ ОГЛАСИ: Еве што објави по натписите дека прави свадба од 600 милиони долари

Основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, нема да го каже судбоносното „да“ на својата вереница и новинарка Лорен Санчез, на 28 декември.

Вчера странските медиуми ја објавија веста дека Џеф Безос се жени, а венчавката ќе чини вртоглави 600 милиони долари.

Сепак, Безос ваквите вести ги демантираше на мрежата Х. Поконкретно, тој нема да се жени со својата вереница Лорен Санчез, барем не сега …

-Целата оваа работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата изрека „не верувај во се што ќе прочиташ“ сега е повистинита од кога било досега. Лагите можат да го обиколат светот пред да се дознае вистината. Затоа бидете внимателни и не бидете лековерени“, напиша тој и додаде:

„Ќе биде интересно да се види дали сите медиуми кои пишуваа за ова ќе се поправат кога венчавката нема да се случи.

To top