Македонија за грабнување и убиство на Вања

ОФИЦИЈАЛНО: Љупчо Палевски се бара со меѓународна потерница

-Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, стои во објавата на МВР.

ОФИЦИЈАЛНО: Љупчо Палевски се бара со меѓународна потерница

Мнистерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.

-Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, стои во објавата на МВР.

Screenshot / МВР

Палевски, кој е првосомничен како организатор и сторител, е во бегство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека според податоците со кои располагаат, Палевски ја напуштил Македонија на 30-ти ноември со автомобил во придружба на својот адвокат. Заминал за Белград, а следниот ден за Бугарија.

Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.

Во тој момент се уште не беше распишана меѓународната потерница за Палевски.

Неговиот адвокат денеска во изјава за Телма телевизија истакна дека Палчо го замолил да го однесе до Белград на лекарски преглед, и оти тој не знаел ништо за сторувањето на кривичните дела.

To top