Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден отворена e ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена „Три генерации Трајковски“.
Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат околу 70 врвни уметнички дела насликани од неуморните раце на Новица, но и на неговите тројца наследници од семејството.
Во рамки на изложбата беше промовирана и првата монографија на Новица Трајковски во која се собрани голем дел од ликовното творештво од последните неколку години на уметникот. Монографијата е издадена под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски, кој ја прогласи изложбата за отворена, истакна дека оваа изложба е прекрасно да се види, а вакви уметнички дела кои се толку оригинални и во кои е вложено многу љубов, не можат да се видат на друго место. Упарувајќи благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата, уметноста во општина Илинден, додаде дека тој е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат. Во однос на монографијата додаде дека Новица е вистинската личност за оваа монографија затоа што има огромно ликовно творештво позади себе.
Општина Илинден како голем поддржувач на културата, ќе продолжи и понатаму со поддршка.
Сите љубители на уметноста можат да ја посетат оваа изложба до 15 јануари.