Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени.
Маршот, што ќе почне во 18 часот, е во организација на три училишни синдикати, кои ги повикаа граѓаните да им се придружат. Предвидено е маршот да биде одбележен со молк, без транспаренти.
Организаторите ги повикаа граѓаните и надвор од Загреб мирно да се соберат пред училиштата во нивните места, да изразат почит кон жртвите и да побараат поголема безбедност во училиштата.