Џина Марија Шумахер и нејзиниот партнер Јаин Бертке го очекуваат своето прво дете со кое Михаел Шумахер ќе стане дедо, како што потврдија на социјалните мрежи.
-Со нетрпение го очекуваме доаѓањето на нашето девојче. Новата јавачка ќе пристигне во април 2025 година, напиша ќерката на Шумахер на Инстаграм со фотографија од пони опкружено со розови балони, што укажува на доаѓањето на наследничката.
Под објавата се редеа бројни честитки, а ова е многу добра вест за целото семејство Шумахер.
View this post on Instagram
Џина Шумахер и нејзиниот сопруг се венчаа на крајот на септември годинава, а судбоносното „да“ го кажаа во многу интимно опкружување и свечена церемонија која се одржа во строга тајност, во семејната луксузна вила.
Забрането било да се користат мобилни телефони и да се фотографира, а како што пишува Дејли Мејл, на венчавката присуствувал и вујкото на Џина, Ралф Шумахер.
Не е познато дали бил присутен и нејзиниот славен татко Михаел Шумахер.
Џина и Јаин се заедно седум години. Нив ги спои љубовта кон јавањето и коњите, а оттаму и понито на сликата со кое таа објави дека е во друга состојба.