Познати на 28 декември

МЕГА СВАДБА НА КРАЈОТ ОД 2024: Џеф Безос и Лорен Санчез не штедат, 600 милиони долари за нивниот посебен ден

Џеф Безос и Лорен Санчез наводно ќе го кажат судбоносното „да“ на 28 декември, а според сите проценки тоа ќе биде венчавка која ќе ја одбележи 2024 година.

МЕГА СВАДБА НА КРАЈОТ ОД 2024: Џеф Безос и Лорен Санчез не штедат, 600 милиони долари за нивниот посебен ден

Основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос и неговата вереница на која неодамна и го честиташе роденденот, поранешната новинарка Лорен Санчез, следниот викенд ќе си го кажат судбоносното „да“.

Тие ќе се венчаат последниот викенд од годината, а раскошната венчавка ќе се одржи во Аспен, во луксузен ресторан во скијачкиот град во Колорадо. Иако за таа прилика изнајмиле ресторан и на 26 и на 27 декември, самата венчавка ќе се одржи на 28 декември, пишува Дејли Мејл.

Според информациите, Безос нема да штеди пари, па за овој посебен ден ќе издвои дури 600 милиони долари, а јасно е дека церемонијата ќе ја красат многу познати имиња, како Бил Гејтс, Леонардо ди Каприо, Крис Џенер, кралицата Ранија и многу други.

Тие се заедно од 2019 година

Џеф Безон и Лорен Санчез, која наскоро ќе стане госпоѓа Безос, објавија дека се во врска во јануари 2019 година. И двајцата се разведоа во исто време; тој по 25 години брак со сопругата Мекензи Скот со која има четири деца, а таа со сопругот Патрик Вајтсел со кој мина 13 години во брак.

Лорен Санчез има две деца од тој брак, а има и син од врската со НФЛ ѕвездата Тони Гонзалес.

Двојката се вери во 2023 година, а заедно ја прославија свршувачката на романтично патување во Италија со Бил Гејтс, Леонардо ди Каприо и кралицата Ранија од Јордан.

To top