Хроника мвр

Фатени бегалци од затвор

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи, соопшти МВР.

Фатени бегалци од затвор

МВР информира дека денеска околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С.0 (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор.

Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови.

Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

To top