Вчера и денес се исплатија средства по основ на две многу важни одредби од Колективниот договор (КД) во одбраната, за што синдикатите јавно упатија благодарност до министерот Владо Мисајловски.
-Вчера се исплати регресот за ГО или К-15 во висина од 60% од просечната плата, а денес се исплати ФАМОЗНАТА јубилејна плата за која многу вработени во МО и Армијата беа скептици дека воопшто ќе се исплати. По толкувањето на Колективниот договор од заедничката комисија на НСО и преставници на МО на крај преовлада разумот и благодарение на конечниот одговор од Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истата се исплати, велат од Независниот Синдикат на Одбраната.
Во наредниот период ќе се исплатат и неисплатените бонус плати и нетужените прекувремени часови.
-НСО продолжува да работи преку социјален дијалог на целосно и доследно спроведување на КД, велат тие.