Македонија ВМРО-ДПМНЕ со реакција

„За бизнисите на Анѓушев ќе си го прашаат него, кој им беше коалиционен партнер и му даваа тендери, како тој за модуларната болница во Тетово, додека Албанците се иселуваа“

„За бизнисите на Анѓушев ќе си го прашаат него, кој им беше коалиционен партнер и му даваа тендери, како тој за модуларната болница во Тетово, додека Албанците се иселуваа“

За прашањето за нечии бизниси и црната листа на САД треба ДУИ да се замисли. Што се направија изминативе 20 години на власт како тие ги развиваа своите бизниси и зошто над 150 илјади Албанци се иселени од државава додека ДУИ е на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги повикуваме ДУИ наместо вакви конфузни соопштенија да составуваат со кои се гледа дека се во делириум затоа што мислеа дека се недопирливи, а сфатија дека не се и дека правдата стига до секого да си го прашаат нивниот коалиционен министер и пријател Кочо Анѓушев со кого заедно владееја и лажно почнуваа преговори со ЕУ (слика во прилог) менуваа име на држава, добиваше тендери за модуларната во време на нивен директор на Тетовската болница и им цветаше бизнисот и самите да си се консултираат, и истовремено додека го прават тоа да го повикаат храбриот Артан да дојде и да се соочи со правда наместо да се крие со парите земени од Албанците во Македонија, од Македонците и од сите останати.

Времето на дивеенје на ДУИ заврши а тоа го кажаа и нашите сојузници тоа го кажува и државата Македонија и сите нејзини граѓани. Колку побргу се соочите со тој факт ќе биде подобро и за вас и за државата.
Истовремено нека го прашаат и Мерко додека се договараат како преку обвинителство да му ги застаруваат или тргаат кривичните. Може и тој ќе им каже нешто.

Доста го штитите криминалот, реформирајте се и освестете се. Како сте тргнале на следните локални нема да добиете ниту една општина. Албанците гледаат се и не можете да ги потценувате повеќе.

Вредниот и чесен Албански народ во земјава додека едвај врзува крај со крај и нивни блиски им се раселуваат и макотрпно работи да заработи парче леб, вие дивеете со децении веќе и станавте како Руски олигарси. Тоа Албанците, а и сите останати го гледаат. Не се обидувајте да ја префрлите топката на некој друг. Вината е во вас и вашите дивеења, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top