На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово.
При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства.
Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.