„Бегството на Артан Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија“, истакна вечерва министерот за транспорт и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во Дневникот на ТВ Сител.
-Скандалот со Лотарија не не изненадува, јас бев прв што го објавив овој скандал уште за време во опозиција, истакна Николоски, кој вели само прашање на време е кога Интеропл ќе го испорача Груби на органите на прогонот.
„Бројни обиди правеше Артан Груби да го промени Законот за игри на среќа мислејќи дека на тој начин ќе си го амнестира криминалот и не успеа заради нашиот отпор. Лотарија беше перална на пари, дувло на криминанал на СДС и ДУИ. Братски го правеа тоа, фронтмен беше поранешниот шеф на кабинет и после тоа директор на Лотарија. Но убеден сум дека меѓународната потерница ќе вроди со плод и прашање на недели ќе биде само кога ќе го видиме на граница како Интеропол ќе ги донесе и верувам дека не само за овој случај, туку и за други случаи ќе одговараат”, истакна Николоски.
Според Николоски, јасно било зошто ДУИ ги пролонгирал барањата за предвремени избори од причина за да ја средат работата во Лотарија надевајќи се дека нема да одговараат.
„Политички договор нема со ДУИ. Морален хазард е СДСМ да обвинува за ДУИ затоа што до последен ден тие остануваа со ДУИ, тие беа кои премиер дадоа на Албанец само да бидат во влада. Тие беа кои пола држава дадоа на ДУИ само за да бидат во влада, тие беа кои бланко гласаа се во Собранието и кои го амнестираа криминалот на ДУИ. СДС ќе има морален кредибилитет да критикува само кога ќе се реформира и кога ќе се извини за тоа што го правеле”, истакна Николоски.