Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на локалниот пат во с. Долна Бањица, гостивар се случила сообраќајна незгода.
Патничко возило удрило во 34-годишниот М.С. од с.Долна Бањица, по што возачот заедно со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, велат од МВР.