-2000 испечатени отчети поделивме на граѓаните на Општина Бутел!- соопшти Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.
„Оваа година го изработивме отчетот за три години мандат, транспарентното и одговорно работење го препознаваат граѓаните на Општина Бутел.
Како лидери во скопскиот регион по одност на транспарентното работење, имаме одговорност тоа ниво да биде наш врвен приоритет“, потенцира во објавата.
Граѓаните секоја година добиваат детални информации за тоа до каде е реализирана предизборната програма, објави Костовски.