Елвис Ибрахими, виш инспектор во СВР Скопје, денеска сведочеше на рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Тој рече дека пред две недели бил извршен претрес кај Баже Палевски, брат на Палчо, и дека биле одземени неколку предмети.
„На 03.12.2024 година бев на претрес кај Баже Палевски во село Глуво. Одзедовме предмети, еден лап-топ, еден таблет и еден мобилен телефон. Претресот е околу 20:30 часот. Баже Палевски имаше ангажирано адвокат“, рече Ибрахими, пренесе ТВ 21.