Интензивно се работи на изградбата на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, што ќе располага со капацитет од 40 корисници, се наведува во денешната објава на страницата на „Фејсбук“ на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари. За да им овозможиме подобар квалитет на живот на лицата со попреченост, се истакнува во објавата на „Фејсбук“.
Како што се појаснува, станува збор за проект што беше дел од изборната програма на градоначалникот Јанчев.