Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:
– епицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– епицентарот на вториот земјотрес е 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 3.3 а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.