Свет

Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата

Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг на неговата инаугурација следниот месец, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори.

Покана за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон била испратена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември, а не е јасно дали е прифатена, јави Си-Би-Ес.

Во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека „многу добро се сложува“ со Си и дека тие „комуницирале токму таа недела“.

To top