Милитантите на Исламската држава убиле 54 војници додека бегале пред нивниот налет, во моменти кога бунтовниците напредувале против владините сили на претседателот Башар ал-Асад, соопшти денеска воен набљудувач, јави ДПА.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште е во Велика Британија, соопшти дека милитантите на Исламската држава ги уапсиле војниците кои бегале за време на падот на режимот на Ал Асад и потоа ги убиле.
Сириските војници се убиени во областа Ал Сухна, во провинцијата Хомс, соопшти Центарот, чие седиште е во Велика Британија, пренесе ДПА.