Вести собраниска расправа

Здравковски: Буџетот за 2025 година ќе донесе многу посветла иднина

На денешната собраниска седница за Буџетот за 2025 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски зборуваше за значењето на буџетот за иднината на Република Македонија, кој ќе ја одреди и трасата по која ќе се движи државата, односно што се е испланирано и испроектирано во него, како би придонело за подобрување на стандардот на граѓаните.

Пратеникот Здравковски дискутираше за факти и направи компарација како било во времето на владеењето на СДС и дека тие ништо не направиле во однос на капиталните инвестиции и функционирањето на државата, дека сето ветено за време на нивното владеење било само на хартија, а ништо на дело и во пракса, за разлика од сегашната власт која работи посветено и транспарентно.

-Ќе дискутирам за факти, ќе започнам со она што досега го критикувавме, а тоа е златното правило, сите буџети досега се темелеа на златно правило каде што капиталните инвестиции биле повеќе од дефицитот меѓутоа видовме со годините наназад дека ниту еднаш не се оствари теоретски, имаме уште еден податок како граѓаните живееле изминативе години, за десет години владеење во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 во просек македонскиот стандард се приближувал до европскиот стандард со 1%, а во овие седум години кога владееја СДС се приближува со 0,24%, рече Здравковски.

Тој исто така наведе и дека буџетот за 2025 година предвидува многу позитивни промени, поубава иднина и подобар живот за сите во државата, она што не чека во иднина односно наредната година е една многу посветла иднина според сите проекции на релевантни фактори.

-Станува збор за ММФ кои предвидуваат раст од 3,6%, станува збор за Светска банка кои предвидуваат 2,5% раст, министерството за финансии 3,7% раст, кој што ќе овозможи подобра иднина и подобар живот на сите граѓани, имаме предвидено средства за сервисирање, на се она што треба да го покрие државата, за разлика од досега кога видовме дека има долгови по сите основи, во овој буџет имаме предвидено континуиран раст дополнително на платите и на она кое што значи приходи и подобар стандард на граѓаните, вели Здравковски.

To top