Отпочнавме со поставување на нов терен со вештачка трева на вкупна површина од 800 метри квадратни, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Тој додаде дека: Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт.
Досега ги изградивме:
-Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска
-Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
-Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
-Тартан подлога на спортски центар ГеГе
-Тартан подлога на спортски центар Бранители
-Градиме спортска сала во Хром, потенцира во објавата.
До крајот на наредната недела ќе има уште еден вештак во дворот на ООУ Мирче Ацев. Продолжуваме за подобра иднина и услови за сите генерации, стои во објавата на Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.