Регион

Нова средба на главните преговарачи на Србија и Косово на 17 декември

Нова средба на главните преговарачи на Србија и Косово на 17 декември

Следниот состанок на главните преговарачи за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе се одржи на 17 декември, потврди портпаролката на Европската унија, Анита Хипер.

-Страните го потврдија присуството и ќе разговараат за повеќе прашања, вклучително и за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализацијата, рече портпаролката.

Преговарачите од Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, последен пат се сретнаа во рамките на дијалогот на крајот на октомври годинава без конкретни договори.

To top